Драма на летот: Авионот морал принудно да слета во Белград

од Симе Стоиков
304 прегледи

Авионот на „Сан експрес“, кој полета од аеродромот во Манчестер кон Даламан во Турција на 9 април во 19 часот и 30 минути, мораше принудно да слета во Белград поради патник кој нападна друг маж во авионот.

Поради инцидентот, авионот пристигнал на својата дестинација со два часа задоцнување, пишува Дејли Мејл.

На снимката снимена од вознемирените патници и споделена на социјалните мрежи јасно се гледа како еден маж вика и навредува друг патник, покажувајќи со прст кон него.

На крајот и авиокомпанијата „Сан експрес“ се огласи за настанот:

„По слетувањето во Белград, локалната полиција го извади патникот од авионот, а авионот продолжи кон Даламан, планираната дестинација“.

Тие исто така нагласуваат дека безбедноста на патниците им е најголем приоритет.

Слични содржини