186
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рафаел Варан ќе отсуствува неколку недели поради повреда на мускулот, објави во четвртокот англискиот клуб.
Французинот се повреди на минатонеделниот натпревар од 31. коло во Премиер лигата против Челси при поразот од 3-4. Дефанзивецот очекува враќање на терените во мај.
Варан (30) одигра 30 натпревари оваа сезона и постигна 1 гол за 20-кратниот шампион на Англија.
Манчестер Јунајтед е на шестото место во поредокот на англискиот шампионат со 49 бодови од 31 натпревар. На 13 април „црвените ѓаволи“ гостуваат кај Бурнмаут.