Барселона има едно од најнеобичните генерални спонзорства во светот на фудбалот.
Познато е дека генерален спонзор на познатиот каталонски клуб е Spotify, кој во рамките на своите кампањи често го става логото на познати светски музичари на дресот на Барселона.
Така Ролинг Стоунс и Дрејк веќе го красеа дресот на Барселона, а сега на ред е Керол Џи – моментално една од најпознатите пејачки во светот.
Оваа Колумбијка четири години по ред е најслушаната пејачка од Јужна Америка на Spotify, па нејзиното лого ќе стои на дресовите на Барселона.
Барселона соопшти дека за прв пат ќе ги видиме дресовите на Карол Џи на женскиот тимски натпревар против Виљареал (13 април).
Во овие дресови машкиот тим ќе игра на 21 април на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.