Де Бруин отруен во Мадрид? Паника меѓу „граѓаните“

од Vladimir Zorba
259 прегледи

Отсуството на Кевин де Бруин на „Сантијаго Бернабеу“ загрижи многу навивачи на Сити. „Граѓаните“ извојуваа нерешени 3:3 во вистински спектакл.

Белгиецот пред самиот дуел имаше сериозни стомачни проблеми, поточно тешко гадење и повраќање во соблекувалната.

Де Бруин верува дека тоа било нешто што го јадел во хотелот на тимот неколку часа пред почетокот на натпреварот. Гостите од Манчестер беа загрижени дека нема да бидат единствениот репрезентативец кој поради труење ќе почувствува слабост пред дуелот со Реал, пишува „Дејли Стар“.

Труењето на неколку стартери на Сити би било вистински „пекол“ за Пеп Гвардиола, пред средбата со Лутон во Премиер лигата, па реваншот со Реал на „Етихад“. Тие потоа имаат дуел со Челси во полуфиналето на ФА Купот на „Вембли“.

Со оглед на тоа дека Де Бруин беше изолиран случај и дека веќе се врати на тренинзите, на бранителот на титулата во Лигата на шампионите им олесна.

Слични содржини