НБА меч траеше мистериозни 66 секунди подолго, еве зошто

од Vladimir Zorba
196 прегледи

НБА кошаркарскиот натпревар помеѓу Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис траеше 66 секунди подолго, а мистериозното продолжување го забележал корисник на социјалните мрежи.

Тимот од Калифорнија победи со резултат 123:120, а управата на најсилната лига на светот ја призна грешката и изјави дека тоа не влијаело на исходот на играта.

Имено, на семафорот се појавија дополнителни 66 секунди на крајот од третата четвртина, кога требаше да се ресетира часовникот за времетраењето на нападот. До крајот на таа делница останаа уште една минута и 14 секунди, а часовникот потоа беше поместен на 2:20. Никој од актерите на дуелот не го забележа големиот превид.

Грешката не влијаеше на исходот на играта, туку само на резултатот, бидејќи во тие дополнителни 66 секунди двете екипи постигнаа по два поени.

Вечерва завршува лигашкиот дел од НБА сезоната – Лејкерси се во плеј-офот, но се уште не се знае од која позиција. Ако победат во Њу Орлеанс, ќе бидат осми, а во плеј-офот ќе играат против Пеликанс или Феникс, доколку Санс загубат на гостувањето во Минеаполис.

Во случај на пораз, Лејкерси може да се „лизнат“ на деветтото или десеттото место, а во тој случај би им биле потребни две победи за пласман во плеј-офот.

Мемфис остана без пласман во плеј-офот.

Слични содржини