Иран ја испровоцира војната во Газа за да спречи воспоставување дипломатски односи меѓу Саудиска Арабија и Израел, изјави неименуван функционер, кој исто така е член на саудиското кралско семејство, за саудискиот радиодифузер „Кан“.
„Иран е земја која го спонзорира тероризмот и тие одамна требаше да бидат запрени“, рече саудискиот претставник.
Тој исто така рече дека „секој сомнителен објект“ што влегол во воздушниот простор на Саудиска Арабија бил пресретнат, со што, според „Тајмс оф Израел“, инсинуирајќи дека Ријад учествувал во соборувањето на иранските беспилотни летала кои синоќа беа лансирани кон Израел.
Со помош на САД, во март 2023 година започна процесот на нормализирање на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, со меѓусебни посети на министри, но ова прашање беше прекинато по почетокот на израелската офанзива на Појасот Газа во октомври минатата година.