Османи бара тв дуел со Силјановска Давкова: „Нашите понуди се единствените алтернативи“

од Nikola Popovski
173 прегледи

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт, Бујар Османи побара телевизиски дуел со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова. Со цел да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за државата, вчера Османи упати две јавни покани до политичкиот опонент.

-Ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска и пак ја поканувам, ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето, порача меѓу другото кандидатот за претседател.

Тој најави дека ќе зборува „како секој од нас ќе има европски пасош во џебот“.

-Таа (Силјановска Давкова) нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се 2-те алтернативи кои ни се нудат, додава Османи, посочувајќи:

– Затоа и мојата визија како иден европски претседател е да создавам единство помеѓу сите етнички заедници и граѓани на патот кон ЕУ. Според мене само тој е начинот до 2030-та година секој наш граѓанин во својот џеб да си има европски пасош за да не бидат приморани да земаат од друга држава и да нема потреба нивните деца да се отселуваат во земјите членки на Европската унија, тука таа да дојде кај нас.

Слични содржини