Земјотрес од 3,5 степени според Рихтер го погоди Крит

од Vladimir Zorba
240 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.

Земјотресот е регистриран во 08:24 часот по локално време, со епицентар на 98 километри североисточно од Ираклион, на длабочина од 106 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Засега нема информации за материјална штета или жртви.

Слични содржини