Руските истражители го потврдија постоењето на поврзаност меѓу директните извршители на терористичкиот напад во „Крокус сити хол“ во близина на Москва и украинските националисти, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.
„Во текот на истрагата беше потврдена и процедурално утврдена врската меѓу директните извршители на овој терористички напад и украинските националисти“, рече Патрушев на состанокот за безбедност во Архангелск во северозападна Русија, пренесува РИА Новости.
Четворица осомничени вооружени напаѓачи се уапсени во руски регион кој граничи со Украина неколку часа по масовното убиство за кое се обвинети.