Ние доживеавме голема победа со францускиот предлог затоа што целосно бевме блокирани од Бугарија – велеа дека нема македонски јазик, народ и историја. Затоа говорам за кампањата. Ги гледате кандидатите и ехото што доаѓа. Кандидатите не знаат. Кои се политичари од кандидатите освен Стево Пендаровски? Од хоби сакаат да се занимаваат, вели министерот за локална самоуправа и член на ЛДП, Ристо Пенов.
Тој во емисијата на „Слободен печат“ порача дека треба да земе во предвид профилот на претседателските кандидати.
-Еве универзитетски професор. „Македонија повторно горда“ – Кога Македонија била горда во историјата? Асоцијацијата на горда, освен гордоста во времето на Груевски…Таква гордост бараме? За тоа да се избориме? Тоа го заробува умот. Затоа одам во овие елементарни нешта кога треба во основно училиште да се научат, истакна Пенов.
Министерот додаде дека „парламентот не му лежи“ и поради тоа не се нашол на изборните листи за претстојните избори.
„Македонија повторно горда“ е водечкиот слоган под кој претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова ја води кампањата за претстојните избори за шеф на државата.