Јунајтед подготвен да ја плати откупната клаузула на Бремер

од Vladimir Zorba
195 прегледи

Манчестер Јунајтед изгледа подготвен на се за да го привлече дефанзивецот на Јувентус, Глисон Бремер. Бразилецот е на врвот на листата на „црвените ѓаволи“, кои сигурно ќе направат сериозни промени во одбраната за новата сезона. „Олд Трафорд“ е подготвен да ја плати откупната клаузула на играчот, која е во висина од 60 милиони евра, пишува „Газета дело спорт“.

Јунајтед прво ќе се обиде да ја намали цената на играчот со вклучување на Мејсон Гринвуд во зделката. Оваа опција може да им се допадне и на Јувенутс, кој има желба да го земе крилниот напаѓач во својот тим. Сепак, проблем може да направи самиот играч, за кого се појавија информации дека не сака да го носи дресот на „старата дама“.

Доколку оваа опција не успее, „Олд Трафорд“ е подготвен да ја извади целата сума за Бремер. Се зборува дека тој лично му се допаѓа на новиот сопственик на „црвените ѓаволи“, сер Џим Ретклиф, кој е подготвен на се за да го донесе во клубот.

Слични содржини