263
„Чудно е што ВМРО-ДПМНЕ во текот на кампањта не зборуваше за победа во вториот круг, туку само за разлика во првиот круг. И денес да ги прашате, не се сигурни дека ќе победат во вториот круг“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција.
Тој додаде дека не е 100% сигурен дека ќе победи, но тврди дека има мнозинство граѓани кои го поддржуваат неговиот концепт.
„Тие не се за изолација и враќање назад во старите времиња на режимот, кој паметиме како владееше со државата и граѓаните“ рече Пендаровски.