Работници откриле кокаин во стока во неколку супермаркети во Берлин и Бранденбург, Германија. Веста за откривањето на дрогата ја објави Билд, кој се повикува на информации од безбедносни кругови.
Засега не се знае во колку берлински супермаркети било пронајдено дрога. Најмалку четири дисконти беа погодени во Бранденбург.
Полицијата врши увид на стоката
Се вели дека се откриени меѓу 20 и 100 килограми дрога по супермаркет. Полицијата се уште врши увид на робата во дисконтите. Според тоа, вкупната количина на кокаин е сè уште нејасна.
Полицијата пред Лидл
„Полициските сили на Берлин сега пристигнаа во Бранденбург и обезбедуваат административна помош во истрагите во областа“, соопшти полицијата.
Припадници на специјалната полиција во Германија биле снимени пред продавница на Лидл, па се претпоставува дека во продавницата има сомнеж дека има дрога.