Поранешниот играч за врска на Реал Мадрид и Белгија, Еден Азар призна дека пред да ја заврши кариерата размислувал да се пресели во тим од МЛС во САД и Канада.
„Првично си реков дека ќе одам во САД и ќе играм таму две или три години. МЛС не е толку лоша. Но, не е само фудбалот, тогаш сите ќе мора да се преселат. Тоа е она што ме забави“, вели Азар, цитиран од „Goal“.
Сепак, поради немање желба да продолжи да игра, белгискиот фудбалер реши да стави крај на кариерата.
„Искрено, не сакав повеќе да играм фудбал. Ако навистина сакав да продолжам, ќе најдов место за живеење, дури и ако требаше да се преселам. Но, не ми треба повеќе. Не сакав да заминам само за да заработам повеќе пари и две или три недели подоцна да се прашувам зошто го направив тоа“, додаде тој.
Азар најави дека се пензионира во 2023 година. Негов последен клуб беше Реал Мадрид. Играчот од средниот ред играше и за Челси и Лил.
33-годишниот Белгиец двапати стана шампион на Шпанија и Англија. Во сезоната 2021/22 ја освои Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Заедно со репрезентацијата на Белгија, Азар освои бронзен медал на Светското првенство во Русија во 2018 година.