Враќањето на Чарлс на кралските должности има големо влијание врз Кејт Мидлтон

од Nikola Popovski
395 прегледи

По неколкумесечно лекување, кралот Чарлс најави враќање на кралските должности, што секако е позитивна вест што и е потребна и на неговата снаа, Кејт Мидлтон за време на нејзината битка со непријатната болест.

И принцезата од Велс и Чарлс беа заедно во болница во јануари во исто време – Кејт потоа направи операција на абдоменот, додека Чарлс имаше процедура на простатата.

Како што пренесуваат западните медиуми, кралот внимателно „одел“ од болничкиот кревет до собата на Кејт во близина за да ја утеши својата снаа додека обајцата закрепнувале во лондонска клиника, чија име не и беше соопштено на јавноста.

Принцот Вилијам бил целосно фокусиран на поддршка кон сопругата и семејството и до неодамна ги намалил јавните обврски, а Камила ѝ понудила љубов и поддршка на Кејт.

Набргу по нивниот престој во болница, Чарлс храбро го прекрши кралскиот протокол споделувајќи ја неговата дијагноза за рак кон крајот на јануари. Принцезата од Велс била инспирирана да ја открие дијагнозата на рак по топлиот одговор на кралот кој го стори истото шест недели претходно.

Медицинскиот персонал на кралот Чарлс му даде зелено светло да се врати на јавните должности откако му беше дијагностициран рак.

Неговото Височество сè уште не закрепнало од болеста и се уште е на лекување, но неговиот медицински тим е „задоволен од досегашниот напредок“ и „останува позитивен“ за неговото закрепнување.

За да ја одбележи добрата вест, Бакингемската палата објави и два големи настани, првиот од многуте во наредните месеци и им се заблагодари на сите добри желби што ги добија.

Во вторник, кралот и кралицата ќе посетат центар за лекување на рак, што претставува трогателен потег со оглед на неговата сопствена битка со ракот, каде што ќе се сретнат со медицински експерти и пациенти . Се планира да бидат и домаќини на претстојната државна посета на јапонскиот император и царица на крајот на јуни на барање на британската влада.

Официјалните лица, исто така, објавија прекрасен нов портрет на Чарлс (75) и Камила (76), кои изгледаат среќно и опуштено, направен еден ден откако ја прославија 19-годишнината од бракот претходно овој месец.

Познато е дека Кејт и Чарлс создале силна врска во 13-те години од бракот со неговиот син принцот Вилијам кога таа стана дел од кралското семејство, а нивната врска станала уште посилна по дијагнозите.

Во својата јавна видео порака, Кејт им се обрати на „сите оние чии животи биле погодени од рак“, додавајќи: „Не сте сами“, што исто така се сметаше за почит кон нејзиниот свекор.

Фото: PROFIMEDIA / BACKGRID USA

Слични содржини