Брозовиќ доаѓа во Барселона?

од Nikola Popovski
218 прегледи

Барселона сака да го засили средниот ред со доведување на Аргентинецот Гвидо Родригез, кој е член на златниот тим од неодамнешното Светско првенство во Катар. Родригез моментално игра за Бетис и во Барселона би дошол како слободен играч.

Според информациите на каталонски „СпортЕ, двете страни преговараат за двегодишен договор со опција за продолжување на трета сезона. Но, тоа не е сè кога се работи за засилувањата на Барса.

Каталонските медиуми ја споменуваат и можноста за доаѓање на Марсело Брозовиќ и Марко Верати кои би можеле да бидат заинтересирани за враќање во Европа.

Брозовиќ е роден на 16 октомври 1992 година во Загреб. Кариерата ја започна во Хрватски Драговољец пред да се пресели во Динамо Загреб во 2012 година. По импресивните настапи во Динамо, тој се пресели во италијански Интер во 2015 година, каде што стана клучен играч во средниот ред.

По Интер, тој замина во Саудиски Ал Наср, чиј актуелен член е. Брозовиќ исто така беше клучен играч за хрватската репрезентација, учествувајќи на неколку големи натпреварувања, вклучувајќи го Светското првенство 2018 година, каде Хрватска заврши на второто место и бронзата на Светското првенство во Катар 2022 година.

Слични содржини