ВМРО-ДПМНЕ најавува враќање на сите железнички линии во функција

од Nikola Popovski
213 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки најавува дека неговата партија доколку дојде на власт, ќе ги врати во функција сите железнички линии кои во моментов не сообраќаат. Според Ковачки, ќе биде реконструирана пругата Велес-Кочани и електрифицирана пругата Велес-Битола.

Најавуваат и реконструкција на автопатот Катланово-Велес, изградба на нова катна гаража во Велес, како и реконструкција на општата болница во Велес.

-Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините. Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија, порача носителот на Изборна единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ.

Користењето на железничкиот сообраќај во Македонија е во опаѓање. Бројни железнички линии кои поврзувале голем број градови и села веќе се надвор од функција. Засега, единствено активни, иако малку на број, се линиите Скопје-Битола, како и Скопје-Гевгелија.

Слични содржини