Тухел се пожали: Хенес ја повреди мојата тренерска чест

од Nikola Popovski
156 прегледи

„Бура“ во таборот на Баерн Минхен пред полуфиналето со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, откако Ули Хeнес отворено го критикуваше Томас Тухел за начинот на кој го води тимот оваа сезона. Хенес не го крие своето разочарување.

– Јас лично имав проблем со Тухел. Не мисли дека може да го промовира Александар Павловиќ, како и Џамал ​​Мусиала и Алфонс Дејвис. Наместо да работи со овие играчи кои ги имаме и кои се иднината на Баерн, тој постојано бараше нови засилувања. Не работиме така, затоа решивме да бараме нов тренер, изјавил Хенес.

Не требаше долго да се слушне одговорот од Тухел, кој не криеше дека е разочаран од коментарите на неговиот работодавец.

– Се работи за нешто толку далеку од реалноста што нормално не би го коментирал, но бидејќи доаѓа од нашиот шеф Ули Хенес, има посебна тежина. Не знам како да одговорам, а од друга страна не можам ни да го голтнам тоа што го слушнав. Тој ја повреди мојата тренерска чест. Ако сум докажал нешто во мојата тренерска кариера, тоа е дека секогаш им давам шанса на фудбалерите од младинската академија во клубовите каде што сум работел, порачал Тухел.

Слични содржини