Актерот Овен Вилсон ја одбил улогата во претстојниот биографски филм за О.Џ. Симпсон наречен “The Juice”.
Неодамна починатиот спортист настапуваше во НФЛ лигата и накратко се занимаваше со глума, но најмногу е запаметен по злогласното судење во 90-тите, кога беше обвинет за убиство на неговата поранешна сопруга Никол Браун Симпсон и нејзиниот пријател Рон Голдман. Иако беше прогласен за невин, многумина не се согласија со пресудата, меѓу кои и актерот Овен Вилсон.
Претстојниот филм е опишан како сатиричен трилер кој ќе се фокусира на Даглас МекКен, еден од адвокатите на Симпсон. Режисерот на филмот, Џошуа Њутн сакал да го види Вилсон во улогата на МекКен, но актерот ја одбил улогата бидејќи филмот ќе го прикаже Симпсон како невин човек.
„Овен Вилсон е совршен за улогата. Го запознав во Санта Моника. На сите им се допадна сценариото. Неговиот агент сакаше тој да ја добие улогата“, се сеќава Њутн.
„Му понудивме 12 милиони долари. Но, Овен стана на крајот од ручекот и рече: „Мора да се шегуваш со мене ако мислиш дека ќе ја преземам главната улога во филмот за О.Џ. во кој е прикажан дека не е виновен за убиството“, рекол актерот, раскажал режисерот.
Иако Вилсон не ја прифатил улогата, Њутн соопштил дека нашол нов актер, но одбил да каже за кого станува збор.