Ограбен актерот Овен Вилсон: „Немаше сведоци на злосторството“

од Stefanija Kuzmanovska

На холивудскиот актер Овен Вилсон (53), крадци во текот на ноќта му ги украле сите четири гуми од автомобилот Тесла.

Се се случило додека автомобилот бил паркиран пред вилата на актерот во Санта Моника.

– Никој ништо не виде. Немаше сведоци на злосторството – потврди за Фокс њуз поручник Руди Флорес од полициската управа во Санта Моника.

Штетата се проценува на 4.000 долари, а цената на електричните возила на Тесла се движи од 43.990 долари, колку што е цената на основниот модел, до моделот X Plaid, чија цена со основна опрема е 119.990 долари.

Полицијата проверува дали сигурносните камери во населбата можеби ја снимиле кражбата.

– Овој вид на криминал е вообичаен во оваа област – изјави извор за TMZ.

Слични содржини