672
Од ДУИ само скокаат со изјави и сакаат да преминат со ВМРО-ДПМНЕ во наредните четири години, како дел од власта, изјави денеска лидерот на Демократското движење, Изет Меџити, чија партија е дел од коалицијата „ВЛЕН“.
Според него, „на ВМРО-ДПМНЕ ѝ треба албански партнер како ВЛЕН, за да биде целосна сликата“.
-Од ДУИ денес сите бегаат како од корона. Дури и ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски бегаат од ДУИ и не сакаат влада со нив, рече Меџити на средби со граѓани во општина Чаир и во Сарај.
Ветува решавање на клучните проблеми на граѓаните во нивните општини.
За Меџити, само на тој начин ќе се претендира за европски вредности и европски фронтови. Немањето канализација и елементарни услови за живот е недозволиво, истакнува тој.