Денес ќе се знае дали ќе поскапи цената на автомобилското осигурување

од Nikola Popovski
198 прегледи

Денес ќе се разгледува дали е оправдана одлуката за поскапување на полисата за осигурување на моторни возила, или ќе се донесе нов тарифник да се вратат старите цени. Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност денеска на седница треба да го разгледа Извештајот од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки за зголемување на цената на полисата за задолжителното автомобилско осигурување од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Таа е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица.

Во Комисијата за автомобилска одговорност, која е именувана од страна на Владата согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, има членови од Министерството за финансии (МФ), Националното биро за осигурување (НБО) и Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Од четвртокот цените на осигурителните полиси за автомобилите се повисоки за 15 отсто со што поскапува регистрацијата на возилата. Овие цени се однесуваат на автомобили со моќност над 44 киловати (КВ) и за товарните возила. Премијата за осигурување за возилата со моќност до 44 киловати останува иста.

Слични содржини