Си Џинпинг ќе ја посети Србија на 7 и 8 мај

од Vladimir Zorba
236 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија во вторник, 7 и среда, 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти денеска прес-службата на српскиот претседател.

Последен пат Си ја посети Србија во 2016 година, што беше прва посета на претседателот на Кина на Србија по 32 години.

Вучиќ се сретна со Си во октомври минатата година во Пекинг, за време на форумот „Појас и пат“, кога беше потпишан договорот за слободна трговија меѓу Србија и Кина.

Слични содржини