🎥Голема ѕвезда завршува со Челси

од Vladimir Zorba
165 прегледи

Централниот дефанзивец, Тиаго Силва објави дека се разделува со тимот на Челси. 39-годишниот Бразилец го напушта „Стемфорд Бриџ“ како слободен играч. Тој пристигна во Лондон како таков во август 2020 година и им помогна на „сините“ да ја освојат Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.

„Челси ми значи многу. Дојдов овде со идеја да останам една година, но всушност поминав четири. Истото важи и за моето семејство бидејќи моите синови играат за Челси. Ние сме горди што сме дел од Челси. Во последните четири години секогаш давав сѐ за Челзи, но се надевам дека нема да се разделиме засекогаш. Не можам да ја опишам мојата љубов кон Челси, можам само да кажам благодарам и дека ќе се вратам“, рече Силва во видеото објавено од клубот на социјалните мрежи.

За четирите години во Челси, Тиаго Силва одигра 151 натпревар со девет гола и три асистенции на нив, а беше прогласен и за капитен на клубот.

Пред да се пресели во Челси, Бразилецот осум години играше за Пари Сен Жермен, а претходно за Милан.

Слични содржини