Николоски: Имаше една цела структура во ВМРО-ДПМНЕ која се искорупмпира и која ја чинеше партија седум тешки години во опозиција

од Vladimir Zorba
687 прегледи

На прашање дали ВМРО-ДПМНЕ повеќе ја чинеше Македонија во коруптивна смисла, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во поткастот „Политиканти“ изрази сложување на таквата констатација.

„Се сложувам, имаше една цела структура која се искорупмпира и која ја чинеше партија седум тешки години во опозиција. Ние се боревме да ја тргнеме стигмата бевме изолирани дома изолирани надвор, генерално оцрнети и тоа беше затоа што наследивме ваква ситуација, затоа што директор на тајна служба изгради најскап хотел на Балканот“, рече Николоски.

Тој додаде дека сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ прави се за да покаже дека работите во партијата се менуваат.

Слични содржини