Маричиќ: Со глас за Левица или ЗНАМ, се наградува ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
444 прегледи

Вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ смета дека како партија имаат доволно време до 8-мај за да работат со секој граѓанин, за да, како што вели, имаат поизбалансирана и подобра слика на изборите, во која што во исто време е прифатена пораката на граѓаните, односно кадровски и политички да работат поинаку.

Маричиќ вели доколку би имале можност, не би ги направиле истите грешки од минатото.

-Сигурен сум дека има неколку работи кои што би ги направиле поинаку и поинаков исход во некои процеси. Комуницираме со локалните штабови и месните заедници до сите нивоа. Мислам дека членовите на СДСМ сакаат да ја видат партијата посилна, пообединета и подостојна на своите политики. Не е ова гола борба за власт, туку за оддржување на силен демократски бедем. Да не заборавиме што се се случи кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, да не ги отвораме тие рани, кажа Маричиќ во емисијата на „Слободен печат“.

За вицепремиерот, нема суштинска разлика меѓу Левица, ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ.

-Мислам дека ако зборуваме за наследството на АСНОМ и Народноослободителната војна, СДСМ покажа повеќе пати дека ги чува и негува тие позиции. Во време на ВМРО-ДПМНЕ, Сојузот на борци ги изгуби просториите во домот на АРМ. Тоа беше третманот на тие луѓе. Гласајќи за Левица или ЗНАМ, се наградува ВМРО-ДПМНЕ, иако можеби се казнува и СДСМ, но повеќе се наградува партијата на Мицкоски, смета Маричиќ.

Слични содржини