ПРИНЦОТ Вилијам беше на свеченото отворање на Џејмс Плејс Њукасл, центар за превенција од самоубиства, каде што беше прашан за неговата сопруга Кејт Мидлтон.
„Дали ви пречи ако ве прашам како се вашата сопруга и децата, една жена го праша Вилијам, а тој кратко одговори: „Се е во ред, благодарам. Сите сме добро?“
Вилијам потоа брзо ја смени темата и ѝ даде комплимент на жената до неа за значката што ја имаше на облеката.
Prince William gives an update on Kate and the kids pic.twitter.com/ZH63bi8zx1
— Daily Mail Online (@MailOnline) April 30, 2024
Принцот Вилијам и принцезата Кејт оваа недела ја прославија 13-годишнината од бракот. Вилијам неодамна се врати на службените обврски и ги објави своите први јавни ангажмани откако неговата сопруга објави дека и е дијагностициран рак.
Принцезата од Велс, која нема службена должност од Божиќ, во видео на 22 март објави дека нејзината дијагноза била „огромен шок“ и дека веќе започнала превентивна хемотерапија.