Кандидатите Турци за пратеници кои се во коалиција со Демократската унија за интеграција (ДУИ) во рамките на „Европскиот фронт“ не делат заеднички вредности, па по изборите ќе ја напуштат оваа коалиција. Ова го изјави во интервју за порталот PRESSonline.al, Енес Ибрахим претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП) и кандидат за пратеник на „Коалиција за европска иднина“ во ИЕ Бр.5.
– Коалициите треба да имаат отредени вредности, во овој случај, доколку се Европски фронт, треба навистина во таа коалиција да учествуваат политички партии кои веруваат во овој концепт, а не кои сакаат само да имаат пратеник, па потоа во 20 часот на 8 мај да избегнат во различни коалици. Изминативе години тоа се случуваше во рамки на другите коалицији, така да најголем дел од тие коалиционни партнери нема да останат со ДУИ бидејќи не ги имаат истите вредности со ДУИ. Коалицијата предводено од ДУИ, сметам дека не е принципијална. Најголем дел од тие коалиционни партнери, предходни биле во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, потоа биле со СДСМ, откоа им биле затворени вратите од страна на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, нашле една мала врата во ДУИ. Кога зборам за непринципијална коалиција, зборам за европските вредности. Во оваа коалиција имате политички партии и поединци кои секогаш биле анти НАТО, анти Европа. И затоа оваа коалиција е непринципијална и нема да има успех, смета Ибрахим.
Доколку правиме споредба, додава тој, од времето на гуревизмот, односно владата предводена од ВМРО ДПМНЕ на чело со Гуревски, и владите предводени од Зоран Заев и Димитар Ковачевски разликата е многу голема.
– За време на Гуревизмот, за жал, Турската заедница беше втора категорија на граѓани. Барем, Турци така се осеќаја, така се чувствуваа. Со доаѓањето, односно со промената на владата, веќе Турската заедница ги има унапредено своите права. Дали е доволно? Секако дека не е доволно, но 11 години додека се боревме против режимот, Турската заедница беше маргинализирана и изолирана, но и државата ни беше изолирана. Доколку Турската заедница сака да ги унапреди своите права, односно, помалку броните етнички заедници, ако сака да ги унапреда своите права, патот кон членството во Европското Унија е најбитен елемент, нагласува Ибрахим.
Според него, помалку броните етнички заедници, вклучително и Турската заедница, немаат алтернатива, и затоа, смета тој, патот кон Европското Унија мора да се продолжи.
– Има многу причини зошто нас треба да не гласат Турците и сите граѓани на Републиката. Покажавме транспарентност, храброст, покажавме како може да се менаџира со светските кризи, и со пандемијата, како и со проблемите што ги предизвика војната што во моментот се случува меѓу агресорот Русија врз Украина, или војната Израел и Газа. Во сите проблеми, државата успешно беше менаџирана особено во делот на економијата. Патот кон Европското Унија ни е многу битен елемент, многу битен фактор за демократскиот развој, за економскиот просперитет, нагласи Енес Ибрахим претседател на Партијата за движење на Турците (ТХП) и кандидат за пратеник на „Коалиција за европска иднина“ во ИЕ
Бр.5.
Тој потенцира дека на 8 мај, турската заедница масовно ќе излезе и ќе гласа за број еден, за просперитет и Европска Македонија. – ТХП следниот мандат имам во план да формираме институт за турски јазик и турска култура, подвлече Ибрахим.