Брунбауер: Изборното однесување и внатрешнополитичките одредувања на курсот во Северна Македонија имаат потенцијал да предизвикаат немири надвор од границите на земјата

од Илинка Илиоска
240 прегледи

-Изборното однесување и внатрешнополитичките одредувања на курсот во Северна Македонија имаат потенцијал да предизвикаат немири надвор од границите на земјата. Северна Македонија постојано ја докажуваше својата страст и способност да страда за големата цел – влез во ЕУ. За тоа дури  го смени и државното име.  Но, ЕУ редовно ја игнорира земјата- вели германскиот историчар професор д-р Улф Брунбауер, научен директор на Лајбниц-Институтот за источна и југоисточна Европа во својата нова анализа објавена на Дојче веле.

Брунбауер истакнува дека изборите се одржуваат во време кога земјата сè уште чека на отворање на преговарачките поглавја со ЕУ, повеќе од 20 години по нејзиното барање за членство.

-Најголемата опозициска партија, барем во минатото латентно проруска,  национал-конзервативната ВМРО-ДПМНЕ,  го користи ова расположение и успешно се позиционира како бранител на  националната независност,  предупредува тој.

Според Брунбауер изборите се сметаат за критични за иднината на земјата, со потенцијал да предизвикаат етнички немири и да ја загрозат стабилноста во регионот.

-За државата ова не значи ништо добро. Клиентелизмот, корупцијата, етничките тензии и непрофесионалноста во делови од јавната администрација може да се поправат само во рамките на ЕУ. Но вака, многу од жителите на земјата ќе продолжат да се иселуваат од земјата, не само во Германија, со што Северна Македонија губи драгоцен потенцијал. За ЕУ оваа прогноза е срамота. Се заканува обновување на етнички конфликти, уште една земја од Западен Балкан би можела да се сврти кон исток, додека Брисел целосно го проигра својот кредибилитет како стабилизирачки фактор во овој регион исполнет со тензии. Очигледно, актерите во ЕУ сè уште не ја разбрале експлозивната геополитичка динамика на Балканот, заклучи Брунбауер

 

Слични содржини