„Не вративме ни едно евро неискористени пари во европската каса. ДПМНЕ во претходниот период врати неверојатни 55 милиони евра, заради тоа што не сакаше и не знаеше да ги искористи европските пари дома“ рече носителот на листата во ИЕ3 од СДСМ и Коалициајта за европска иднина, Љупчо Николовски на митингот во Кочани.
Тој додаде дека СДСМ секогаш ги слуша предлозите и сугестиите на граѓаните и токму затоа македонскиот исток има видливи резултати изминатите седум години.
„Овој регион беше запоставен, а денес е регион кој од првиот ден на владеењето на СДСМ забрзано се развива и со сите политики е во фокусот“ рече Николовски.
Тој додаде дека оризот влезе во законот за стокови резерви како стратешка култура, како резултат на политиките на Владата на СДСМ и од старт се зголемија за 300 отсто субвенциите за оризопроизводителите.