Болен го освои Мадрид, па откри: „Морам да одам во болница, за прв пат во животот се чувствувам толку лошо“

од Vladimir Zorba
204 прегледи

Рускиот тенисер Андреј Рубљов ја освои титулата на Мастерсот во Мадрид иако финалето го играше болен и со треска.

Рубљов го победи Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим со резултат 2:1 (4:6, 7:5, 7:5) и ова му е втора титула на Мастерс турнирите.

Русинот по финалето призна дека изминативе денови се борел со здравствени проблеми, па најави дека оди во болница.

„Болен сум и мислам дека ќе одам во болница, на комплетен преглед за да знам што точно се случува со мене. Болен сум веќе осум-девет дена, не е нормално и воопшто не ми се подобрува, што е чудно затоа што обично сум болен два-три дена со ниска температура, но ништо посебно.

„Ова е прв пат во мојот живот да се чувствувам толку лошо“, изјави Рубљов.

Русинот стана првиот играч кој го освои Мадрид во сингл и во двојки, со оглед на тоа што го подигна трофејот минатата година со сонародникот Карен Хачанов.

„Нормално е да има подеми и падови, но мојот фокус сега ќе биде да продолжам да се подобрувам. Мислам дека покажав високо ниво на тенис од првиот до последниот меч овде во Мадрид, па успеав да ја освојам титулата. Сега најважно е да се опоравам и да бидам подготвен за Рим“, додаде Рубљов.

Слични содржини