Вест Хем има нов тренер, Шпанец се враќа во Премиер лигата

од Nikola Popovski
170 прегледи

Шпанскиот фудбалски тренер Џулен Лопетеги постигнал договор со Вест Хем, па така од следната сезона ќе биде менаџер на лондонскиот клуб, пренесува „Би-Би-Си“.

Британските медиуми наведуваат дека шпанскиот стручњак се уште официјално нема потпишано договор со Вест Хем, но се нагласува дека двете страни ги договориле сите детали. Договорот треба да биде потпишан во наредните денови.

Британските медиуми потсетуваат дека менаџерот на Вест Хем Дејвис Мојс е под голем притисок од навивачите по серијата лоши резултати во Премиер лигата. Мојс има договор со лондонскиот клуб до 30 јуни оваа година.

Вест Хем последната победа во Премиер лигата ја забележа на 6 април против Вулверхемптон (2:1), а потоа оствари едно реми и три порази.

Лондонскиот клуб во моментов е на деветтото место на табелата во Премиер лигата со 49 бодови на две кола пред крајот на првенството.

Лопетеги (57) го водеше Вулверхемптон во Премиер лигата, а беше тренер и на Севиља, Порто, Реал, како и на сите шпански репрезентации, се до сениорската.

Слични содржини