ДС предлага полицајците да земаат иста плата како обвинителите и судиите

од Nikola Popovski
160 прегледи

Демократски сојуз на сите полицајци и припадници на службите за безбедност, им го честита 7 Мај- Денот на полицијата и им посакува успешно извршување на сложените безбедносни задачи. Од партијата нагласуваат дека празникот се совпаѓа и со изборите за претседател на државата и за пратеници, каде за жал, според ДС, улогата на полицијата е клучна за обезбедување стабилност и услови за мирни и фер избори.

-Овие денови се клучни за да спречите нерегуларности, притисоци, купување на гласови, организирање на „Бугарски воз“ или нарушување на изборниот процес на кој било начин (насилство итн). Инаку полицијата и службите за безбедност извршуваат тешки, одговорни и сложени безбедносни задачи, но последните години се со ниски примања. Така, главен оперативец задолжен за спречување и откривање на тешки кривични дела прима плата од околу 45 илјади денари, а јавен обвинител околу 130 илјади денари, стои во соопштението на партијата на Павле Трајанов.

Поради тоа, ДС предлага двојно зголемување на платите и нивно усогласување со платите на обвинителите и судиите.

Слични содржини