Ковачки: Активисти на ДУИ фатени со оружје и пари за поткуп на гласачи

од Nikola Popovski
251 прегледи

„Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода, обвини вечерва членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ3, Драган Ковачки

Според него, оружјето и парите за поткуп на гласачи биле пронајдени во општина Чашка.

Ковачки им порача на граѓаните „да не се плашат“.

-ДУИ не смее да извади пратеник во тројка. Ве повикувам сите масовно да излеземе на гласање. А, за активистите на ДУИ им упатувам порака – на 9-ти мај ќе одговарате, за ова се лежи затвор. Ќе лежите сите од прв до последен. Нема да ве спаси Али Ахмети. Нема да ве спаси ниеден што ве пратил таму да правите поткуп. Бидете сериозни. Го кршите демократскиот процес, потенцира Ковачки во видео-обраќање на својот Фејсбук профил.

Слични содржини