ДОБИВАЛ ПЕНЗИЈА ОД НАД 3.600 ЕВРА МЕСЕЧНО, но поради пропуст сега мора да врати 80.000 евра

од Vladimir Zorba
480 прегледи

Што ако некој ви каже дека треба да вратите 80.000 евра пензија? Она што звучи како првокласен кошмар е реалност за еден Германец.

Еден човек од германската сојузна покраина Хесен доживеал несреќа на работа во 1967 година. Посебна пензија – Unfallrente поради повреда на работа добил од неговото стручно здружение.

Сега судот во Дармштад го осуди да врати 80.000 евра на друштвото за пензиско осигурување.

Добил 80.000 евра повеќе

По години примање посебна пензија од околу 1.260 евра месечно, во 2009 година наполнил старосна пензија и почнал да добива дополнителни 2.400 евра месечно од пензиско осигурување.

При поднесување барање за пензија, пензионерот не го известил друштвото за пензиско осигурување (Altersrenten-Versicherung) дека прима месечни исплати од задругата за осигурување од одговорност на работодавачот – иако осигурителната компанија експлицитно прашала за остварување на бенефициите од законското осигурување од незгода и укажале на соодветната обврска за известување, според германските медиуми.

Со години земал „плус“ пензија

Ако некое лице добива пензија за повреда на работа од законското осигурување од незгода, тоа обично води до пониска старосна пензија.

Но, бидејќи пензиското осигурување не знаело ништо за втората пензија, пензионерот со години добивал прекумерна пензија.

Сè излезе на виделина кога пензионерот го известил Здружението за осигурување од одговорност од работодавачи дека се влошени последиците од несреќата на работа.

Од февруари 2018 година требаше да добие повисока пензија. За негова несреќа, Здружението за осигурување од одговорност од работодавачи за ова го известило друштвото за пензиско осигурување.

Пензиското бара пари назад

Од пензиското осигурување сега бараат враќање на преисплатената старосна пензија која изнесува повеќе од 80.000 евра. Сепак, пензионерот се повикал на неточни совети и застареност.

Тој поднел правен приговор и предметот завршил пред судот во Дармштад. Судот пресуди дека вината за целиот пропуст очигледно е кај пензионерот. Станува збор за повреда на обврската за давање информации и грубо невнимание, констатира судот.

Во формуларот за барање за пензиско „јасно и недвосмислено“ е поставено прашањето дали се добиваат бенефиции од законското осигурување од незгода.

Слични содржини