Кинескиот претседател Си Џинпинг вечерва околу 21 часот и 40 минути допатува во Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека српскиот претседател Александар Вучиќ.
Кинескиот претседател е придружуван од сопругата, професорката Пенг Лијуан. Кинескиот претседател го пречекаа и сопругата на претседателот Вучиќ Тамара Вучиќ, премиерот на Србија Милош Вучевиќ, претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, како и поранешниот претседател на Србија Томислав. Николиќ и неговата сопруга Драгица.
Во делегацијата се и амбасадорката на Србија во Кина, Маја Стефановиќ, како и амбасадорот на Кина во Србија, Ли Минг. Авионот на кинескиот претседател до аеродромот го придружуваа српски ловци „МиГ-29“, а во негова чест на белградскиот аеродром беше построена гардата на Војската на Србија.
Си Џинпинг претходно на последниот ден од посетата на Франција и во пресрет на посетата на Србија, го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година, пренесе Бета.
Лондонскиот весник наведува дека во Нов Белград, каде што била Амбасадата, денеска биле истакнати националните знамиња на Кина и Србија, а активистите на