Уште пред Нова година знаев дека коалицијата предводена од СДСМ не се во онаа кондиција во која што беа пред 5 или 10 години, како и што покажуваа сондажите. Анализитите покажуваа дека мојот личен рејтинг е над партијата и коалицијата и тоа ми даде надеж дека можам да бидам рамноправен натпреварувач. Она што денес се случи значајно ми ги одзема шансите да бидам рамноправен натпреварувач – стотици илјади наши граѓани беа оневозможени да земат второ ливче, изјави претседателот и кандидат за втор мандат, Стево Пендаровски на прес-конференција.
Тој веќе го призна поразот и ѝ ја честиташе победата на неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова.
Според Пендаровски, трката за претседател ќе била далеку поинезвесна доколку не се случел скриениот бојкот на претседателските избори. Тој истакна дека има информација дека голем дел од гласачите од здружената албанска опозиција постапиле многу слично на гласачите на ДУИ и не земале две ливчиња.
Најави дека ќе се врати на факултетот и ќе продолжи со предавањата, како и пред да ја извршува претседателската функција.