Политичкиот аналитичар Висар Адеми во интервју за „Слободен печат“ го оцени синоќешното обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Мицкоски во еуфорија цело време се кара од дистанца со ДУИ што не му е баш паметно, затоа што тој како премиер во доаѓање има многу работи со кои треба да се занимава како инфлација, корупција итн. Но она што ми остави впечаток е што уште од првата вечер почна да зборува за апсења. Ние имам пак враќање и излив на емоции од едно време кое не е многу далечно и партија која беше држава партија како во времето на Груевски каде партијата беше поважен фактор од институциите“, рече тој.
„Сумарно гледано, Албанците на овие избори гласаа ДУИ да заминат ама Вреди да не дојдат затоа што ДУИ се на власт 22 години и имаат застарени лица и не можат да понудат ништо ново“, додаде аналитичарот.
„Но од друга страна има една коалиција која настапи со еден памфлет со неколку цели кои јас не знам како ќе ги реализираат тие цели. Се сликаат со Албин Курти за да им подигне политичка вредност а од друга страна го навредуваат гласачот Албанец и велат ние со Мицкоски ќе станеме власт. Нема таму некој лидер кој се издвојува“, вели тој.
Адеми посочи дека ќе биде интересно да се следи како ќе се поделат функциите меѓу коалициските партнери во Вреди.