166
Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер, го погоди западниот дел на Грција, во близина на островот Кефалонија.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, а бил почувствуван на островите Кефалонија, Закинтос и Лефкада.
На ова подрачје често се случуваат земјотреси. На истото место денеска биле регистрирани уште три помали потреси.