Баерн одлучи за новиот тренер

од Vladimir Zorba
174 прегледи

Баерн (Минхен) сака да го врати тренерот Ханси Флик, тврди авторитетниот германски новинар Флоријан Плетенберг од „Скај“. 59-годишниот фудбалер е без работа откако беше отпуштен од селекторската функција на Германија во септември минатата година, по лошите резултати во Бундеслигата.

Според информациите, во последните неколку часа се воделе конкретни преговори меѓу раководството на Баерн и стручњакот. Флик изразил начелна желба да се врати во Баерн. Има уште многу да се случи и Баерн се уште размислува за други опции, но во моментов планот на клубот е да го врати Флик како тренер на баварскиот гигант.

Флик првично беше помошник на Нико Ковач, а по отпуштањето на Хрватот го водеше Баерн од 2019-2021 година, постигнувајќи импресивна тројна круна за време на пандемијата во 2020 година. Тој продолжи со освојување на Светското клупско првенство, Суперкупот на Европа и Суперкупот на Германија. Флик во следната 2021 година стана шампион и со Баварците, а имаше и голем процент со победи во неговиот период на чело на тимот.

Самиот Флик беше поврзуван со Барселона, но откако Каталонците решија да продолжат со Чави Ернандез, таа можност пропадна. Баерн, од друга страна, продолжува да бара тренер по заминувањето на Томас Тухел на крајот на сезоната, а клубот беше одбиен од Чаби Алонсо, Јулијан Нагелсман и Ралф Рангник.

Слични содржини