Израелскaтa претставничка на Евровизија повторно исвиркана на пробата

од Vladimir Zorba
3,5K прегледи

На генералната проба пред вечерашната финална вечер на Евровизија (21.00 часот) за време на настапот на Еден Голан, претставникот на Израел, повторно се слушнаа гласни свирежи од публиката во Малме.

Голан (20) и синоќа беше исвиркана од пробата, но и покрај презирот и огорченоста на дел од публиката кон настапот на израелската претставничка, таа важи за една од фаворитите со песната „Ураган“, пренесува Тајмс оф Израел.

Овогодинешната Евровизија е проследена со бројни инциденти, од протести поради настапот на Израел до дисквалификацијата на Холандија.

Слични содржини