Кренар Лога, министерот за правда во техничката Влада и генерален секретар на Алијансата на Албанците (АА) од крилото на Зијадин Села, во реакција на денешниот говор на претседателката на државата Гордана Силјановска Давкова оценува дека таа не го испочитувала уставното име на државата и оти со тоа нејзината заклетва е ништовна.
-Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска. Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како в.д, наведува Лога во реакцијата објавена на Фејсбук и споделена во соопштение до медиумите.
Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија, туку користеше Македонија.