Топло со температура до 26 степени, во вторник и среда нестабилно и посвежо

од Nikola Popovski
160 прегледи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 15 до 26 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 25 степени Целзиусови.

Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во овој период во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со повремен пороен дожд и ретки грмежи. Особено нестабилно ќе биде во вторник кога наместа се очекува и појава на краткотрајно невреме. Најсвежо ќе биде во среда, а потоа температурата ќе се покачи.

Слични содржини