Две лица со „четвороцикл“ вчера излетале од патот Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“ во провалија, при што се здобиле со повреди, а по интервенција на надлежните институции веќе се преземени од тим на Итна медицинска помош, информира синоќа од Центарот за управување со кризи.
Несреќата била пријавена во 16.06 часот на Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК. Преку конференциска врска со Полициска станица Попова Шапка е добиено известување дека на патниот правец Попова Шапка – Лешница, во близина на бачило „Лешница“, две лица со „четвороцикл“ излетале од патот во провалија. Со нив имало уште едно лице со „четвороцикл“, но не можело да ги види ниту да ги слушне откако излетале.
Од ЦУК истакнуваат дека веднаш биле извршени повеќе комуникациски координативни дејства од ЦУК, согласно барањата од терен и можностите.