181
Неексплодирана рачна бомба вчера била пронајдена на улица во Демир Капија, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Според Регионалниот ЦУК – Велес, вчера во 13.05 часот на 112, добиена била информација за пронајдено експлозивно неексплодирано убојно средство на улицата „Партизанска“ број 1 во Демир Капија.
– Од ЦУК веднаш се информирани ПС – Неготино и ДЗС – Неготино, ДЗС – Гевгелија. Во 16.15 часот, опасното неексплодирано убојно средство е безбедно подигнато, отстрането, од страна на пиротехничар, појаснуваат од институцијата.