Пендаровски нема да користи претседателска пензија и се враќа како професор

од Nikola Popovski
186 прегледи

Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции. Досегашниот шеф на државата нема да зема претседателска пензија и ќе се врати на професорската кариера на приватниот универзитет „Американ колеџ“. Вакво ветување тој даде уште кога беше избран за претседател пред пет години.

Претставници на Министерството за внатрешни работи ќе продолжат да го обезбедуваат поранешниот претседател во согласност со безбедносните проценки коишто ги прават.

Но, на Пендаровски и во иднина ќе му биде потребна административната и логистичката поддршка, за време на средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции. Поради тоа ќе се бара од државните институции повремено да се користи канцеларија.

Но, бидејќи таква пракса и законски основ не постои, тој најавува дека во иднина ќе го искористи правото да се отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности.

„Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но, бидејќи таква пракса и законски основа не постојат, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија каде што тројца од сегашните вработени во кабинетот ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател“, соопштиле од тимот на екс-претседателот.

Доживотна пензија, право на канцеларија и на тројца вработени законски добиваат поранешните македонски претседатели. Пензијата висока колку што им била и платата, односно околу 1.200 евра, ја добиваат без разлика на колку години го завршуваат мандатот, а Законот за правата на претседателот и неговото семејство по престанување на функцијата, не ги обврзува ниту да бараат поевтини понуди, или, пак, да користат објекти во државна сопственост.

Слични содржини