Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашникови

од Milan1
204 прегледи

Вистинската драма се одвивала во текот на ноќта во Драч, каде маж (40) ги земал во заложништво неговите две деца на возраст од 6 и 11 години и почнал да пука со калашникови. Алекс Марку (40) испукал неколку истрели во станот, по што преплашените соседи повикале полиција.

На местото на настанот набрзо пристигнале бројни полициски екипи, а по неколкучасовни преговори полицијата утрово успеала да ги спаси децата и да го уапси осомничениот, пренесуваат медиумите во регионот.

Се започнало синоќа околу 2 часот и 20 минути, кога вознемирените соседи повикале полиција и рекле дека некој пука внатре во зградата.

При проверката на лице место било констатирано дека пукањето се одвивало во стан под кирија. Утврдено е дека Алекс, кој живее во Леж, изнајмил стан на седум дена и таму ги донел двете малолетни деца.

Полицијата неколку пати го повикала Алекс да ги пушти децата да се предадат, а тој одбил и со калашников пукал низ прозорецот.

При рацијата во станот, полицијата пронашла калашников, поголема количина муниција и 18 чаури. Според полицијата, децата биле спасени и не се повредени.

Засега не е познато зошто А. М. се решил на ваков чекор.

Слични содржини