Европскиот фронт ќе ги обжали одлуките за прегласување и најави кривични против членовите на ДИК

од Nikola Popovski
194 прегледи

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи информира дека коалицијата Европски фронт ќе ги обжали одлуките на Државната изборна комисија пред Управниот суд за прегласувањето на неколку изборни места. Тој најави дека ќе покренат и кривични пријави против членовите на ДИК за кршење на правото на гласачите да можат да ја манифестираат својата волја.

-Домашната и меѓународната јавност беа директни сведоци на кршењето на процедурите во ДИК и партиската и институционална кражба на изборната волја преку незаконската одлка за прегласување во точно избрани гласачки и родни места на носителите на опозицијата. Тоа е со цел контрола на гласачкото место и манипулирање на гласачката волја, рече Османи во изјава за медиумите.

Според него, одлуките на ДИК се всушност мајоризација од 90-тите години на минатиот век. Османи смета дека вака се прави обид за ублажување на поразот на ВЛЕН, но и да се оцрни албанскиот гласач.

-Ние нема да дозволиме такво нешто, ниту манипулирање на јасната волја од 24 април и 8 мај, со јасна победа на нашата коалиција. Очекувам дека Управниот суд ќе ја преиначи одлуката на ДИК. Очигледно е дека е незаконска, кажа Османи.

По одлуката на Државната изборна комисија за прифатените приговори, течат роковите за најавените тужби до Управниот суд за парламентарните избори. Управниот пак има рок од 48 часа да одлучи по жалбите на партиите.

ДИК ги усвои приговорите од политичките партии за седум избирачки места. Од вкупно поднесените 27 приговори, шест од усвоените приговори се во изборната единица пет, од кој пет на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, еден приговор на СДСМ. Во изборната единица шест, прифатен е приговорот од Коалицијата „Вреди“.

Слични содржини