Ќучуков: ЕУ веќе дава сигнали дека може да ја одвои Албанија од Македонија во преговарачкиот процес

од Nikola Popovski
211 прегледи

„На новата Влада во Република Северна Македонија ѝ претстои тешка конфронтација со реалноста на Европската унија“.  Ова го изјавил бугарскиот дипломат и поранешен заменик шеф на бугарската дипломатија, Љубомир Ќучуков.

„Од една страна ќе бидат притиснати од сопствените ветувања за повторно репреговарање на преговарачката рамка со ЕУ, а од друга страна од практичната неможност тоа да се случи“, објаснил тој во изјава за бугарските медиуми, додавајќи дека единственото нешто што е претходно дефинирано е дека „вистинските преговори за Македонија за членство во ЕУ нема да започнат додека не се исполни предусловот за промена на Уставот и вклучување на Бугарите како дел од народот во него“

Според Ќучуков, политичарите од ВМРО-ДПМНЕ веројатно ќе мора „да направат пресврт и да ги убедат сопствените гласачи дека тоа е во интерес на државата“:

„Прво, тоа ќе мора да се направи за да може ВМРО-ДПМНЕ да формира влада, за која ќе добие поддршка и од албанска партија… И второ – за да не ги блокираат односите со Брисел, бидејќи кога станува збор за започнување на преговарачкиот процес, проблемите веќе не се меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Скопје и Брисел“, дециден е дипломатот.

Тој нагласил дека ЕУ веќе дава сигнали дека е склона да ја одвои Албанија од заедничкиот пакет со Македонија во преговарачкиот процес и патот кон евроинтеграциите.

„Одвојувањето на двете земји, сепак, создава опасност од регионална тензија и внатрешна политичка дестабилизација во РС Македонија, вклучително и низ призмата на нова етничка конфронтација“, оценува Ќучуков.

Слични содржини