Ја блокирате С. Македонија за да покажете дома колку сте силни, ѝ порача Рама на Бугарија

од Nikola Popovski
943 прегледи

„Што ви е поентата? Што сакате да постигнете со блокадата на Северна Македонија? Што мислите дека ќе постигнете? Да падне поддршката во ЕУ, само тоа можете да го постигнете!” – ова е главната порака што албанскиот премиер Еди Рама ја испратил до Бугарија, но и до другите земји членки на ЕУ, кои користат билатерални прашања за да го блокираат процесот на проширување, денеска во Тирана на Лидерскиот состанок, настан организиран од Балканскиот центар за конструктивни политики – Солуција, во соработка со Белградскиот центар за безбедносни политики и фондациите Отворено Општество и Рокфелер.

Како што објавија од Солуција, албанскиот премиер рекол:

„Зошто ја блокирате Северна Македонија? За да покажете дома колку сте силни!”, порачал Рама заклучувајќи дека политиките на блокади се ужасни, одвратни и антиевропски.

Албанскиот премиер исто така додал во својот говор:

„Наместо Бугарија да рече, добро ние имаме проблем со Северна Македонија (иако јас не им го разбирам проблемот, искрено), ама ајде да го оставиме настрана, а преговорите и трансформацијата на земјите да течат, тие блокираат“, објавија од невладината организација.

Слични содржини